ВИДЕО: „Титаник“ одложен за 4 септември

Од:

По паузата на денешното рочиште за предметот на СЈО, „Титаник“, судијата Осман Шабани ја одложи главната расправа за четврти септември.

Обвинителката Лиле Стефанова побара време за да се произнесе за предлогот за изземање.

– Го замолувам судот да ја одложи денешната расправа и на следната закажана ќе се произнесеме по наведените барања, изјави Стефанова.

Пред почетокот на денешното рочиште, адвокатот Димитар Дангов побара да биде изземена обвинителката Лиле Стефанова од застапување во предметот.

„Со респект кон обвинителката Лиле Стефанова, кон која, сите во салата имаат почит, таа нема право да го застапува овој предмет“, рече Дангов и образложи дека тоа е поради правните дејствија во предметот „Рекет“.

Покрај поранешниот премиер Никола Груевски, во овој случај обвинети се и поранешните функционери Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

СЈО ги обвини за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески