Тимотеј: Одлуката на СПЦ нема никакво значење за МПЦ

Од:

Одлуката на Српската православна црква нема никакво значење за Македонската православна црква и нема никаква важност во Македонија, вели митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј за вчерашната објава на СПЦ дека ќе поведе црковно-судска постапка против поглаварот на МПЦ г.г. Стефан.

– Македонската православна црква со одлука уште во 1959 година ја доби својата самостојност и се издвои од српската црква. Со тоа сите одлуки на СПЦ немаат никаква важност во земјава, истакна владиката Тимотеј во изјава медиумите.

Синодот на СПЦ вчера на својата веб страница објави соопштение до кое се наведува дека одлучил да поведе црковно-судска постапка против поглаварот на МПЦ г.г. Стефан поради тоа што „со упорното останување во раскол МПЦ нехристијански учествува во прогонот на архиепископот Јован, канонски поглавар на автономната Охридска архиепископија, неговото свештенство, монаштво и верен народ, како и низа други антиканонски активности“.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Патријархот на СПЦ Порфириј осуден на четири месеци условна казна за мобинг врз свештеник во Љубљана

Предраг Петровиќ

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски