Тимерманс: Безрезервна поддршка од Холандија за ЕУ и НАТО

Од:

Холандија безрезервно ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ, порачал холандскиот минситетр за надворешни работи Франс Тимерманс на средбата со претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Тимерманс, како што соопшти ДУИ, изразил очекување за што поскоро постигнување компромис меѓу Македонија и Грција за спорот за името. Ја нагласил и потребата од продолжување на интегративните политики, политиките за помирување, а не на националистичките политики.

Тимерманс најавил дека ќе ги контактира неговите колеги во ЕУ и оти ќе говори за потребата да се реши спорот за името и блокадата на Македонија на најдобар можен начин како дел од европската агенда за проширување. Но, истовремено ја нагласил потребата страните да изразат политичка волја за постигнување компромис, како и да се интензивираат напорите за решение.

Тимерманс исто така искажал и загриженост за слободата на изразување и  на медиумите во Македонија, соопшти ДУИ

Али Ахмети, пак, го истакнал придонесот на Холандија за вопоставување на мирот и изградбата на демократски институции во Македонија и регионот.

Посочувајќи на придонесот што го дала Холандија за склучување на Охридскиот договор, како и во периодот по постигнувањето на мирот, Ахмети изразил загриженост што сите овие големи достигнувања постигнати со партнерство со меѓународната заедница се загрозуваат со доцнењото на зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ.

– Доцнењата може да влијаат, исто така, и во квалитетот и динамиката на реформите очекувани од ЕУ. Затоа, како што заеднички ги градевме мирот и стабилноста во Македонија и регионот, заеднички, со помошта на Брисел, Вашингтон и земјите членки на ЕУ, ќе треба да ја решиме сериозната  пречка која што ја држи во заложништво евроатлантската иднина на Македонија. Тоа може да се постигне само преку поактивното вклучување на ЕУ и пријателските земји како Холандија, истакна Ахмети.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он