Тимчо Муцунски и Александар Стојкоски победија во Аеродром и Ѓорче Петров

Од:

ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалнички места и во скопските општини Аеродром и Ѓорче Петров. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски кажа дека според пребројувањето на гласовите, Тимчо Муцунски и Александар Стојкоски се новите градоначалници.

„Тимчо Муцунски е новиот градоначалник во Аеродром. Во Ѓорче Петров, со 9.215 гласа, Александар Стојкоски е новиот градоначалник“, рече Даштевски.

СДСМ и Душко Вескоски во вториот круг ќе се борат со Стевчо Јакимовски од ГРОМ за градоначалничката позиција во Карпош.

Би можело да ве интересира

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто