Тиквешка винска регата викендов по Вардар

Од:

Тиквешка винска регата викендов петти пат ќе се реализира во Тиквешко. Учесниците со чамци ќе пловат по реката Вардар, а ќе посетат и неколку винарии каде што ќе имаат можност за дегустација.

Како што информира денеска директорот на регатата Панче Арсовски, настанот е во организација на здружението „Винотек“ од Кавадарци кое се занимава со промоција на винскиот туризам и производите од грозје.

– Очекуваме најмасовна регата досега со учество на повеќе од 80 гости од Србија, Бугарија и повеќе градови од Македонија, соопшти Арсовски.

Стартот на регатата чија цел е промоција на винската култура и традиција е закажан за утре, со посета на винаријата Лазар во Градско. Потоа ќе следи и посета на винаријата Стоби, по што сите учесници ќе се упатат кон селото Уланци, од каде и официјално ќе почне годинашното пловење по Вардар. Паузата за ручек е предвидена во селото Црвени Брегови, каде што ќе бидат организирани и игри за сите гости. Пловидбата завршува во селото Пепелиште, по што сите ќе се упатат кон манастирот Свети Ѓорѓи во Неготино, каде што ќе се преноќи.

Вториот ден од регатата почнува со посета на винаријата Бовин од каде ќе се оди до Кавадарци. Таму, на едрн од многуте лозови насади ќе биде прикажан процесот на печење ракија, по што ќе следи завршната забава.

Би можело да ве интересира

Државата ќе им го даде ХЕЦ Тиквеш на Грците во замена за стар и амортизиран Чебрен кој ќе го добие после 60 години

Орце Костов

„Тиквеш“: Продолжува со откупот на грозје според објавените критериуми и цени

„Тиквеш“: Принудени сме да го прекинеме откупот на грозјето поради блокада од поединци кои манипулирале со квалитетот на родот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пцовки, турканици и истурено грозје на протестот на лозарите пред винаријата Тиквеш

Катерина Ѓуровски

Лекарка во Тиквешко пријавила сомнеж за полов напад врз шестгодишно дете

Жарко Настоски

Два пожара за кратко време во Тиквешко