ТХП: Новиот косовски амбасадор во Македонија е непожелна личност!

Од:

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) испрати писмена реакција до Претседателот на РМ Д-р Ѓорѓе Иванов и Министерот за надворешни работи Никола Димитров во врска со назначувањето на Ѓерѓ Дедај за амбасадор на Р. Косово во Р. Македонија.

„Партијата за Движење на Турците во Македонија, како и целата турска јавност во Р. Македонија, но и пошироко, со голема доза на разочараност и огорченост ја примивме веста дека новиот амбасадор на Р. Косово во Р. Македонија ќе биде токму лицето Ѓерѓ Дедај, кој претходно додека ја вршеше функцијата заменик министер на Р. Косово во повеќе наврати даде скандалозни, навредливи, крајно фашистички изјави кон турскиот народ.

Категорични сме дека човек кој има ваков фашизоиден и примитивен ментален склоп во ниту еден случај не смее да биде амбасадор во нашата земја која во сите сегменти максимално се труди да ја негува и промовира мултиетничноста како една голема придобивка за целото општество. Сигурни сме дека прифаќањето на дотичната личност како амбасадор во Р. Македонија ќе резултира негативно врз мултиетничките релации во нашава земја и регионот, но и ќе влијае негативно и кон пријателството со Р. Турција.

Веруваме дека во име на промоција на позитивните вредности во целиот регион, но и за зацврстување на пријателството со Р. Турција ќе ги искористете сите Ваши ингеренции и нема да дозволете ваква контроверзна личност да биде именуван како амбасадор во Р. Македонија.

Партијата за Движење на Турците (ТХП) и целата турска јавност во следните денови будно ќе ги следи сите случувања и ќе превземеме порадикални демократски чекори за решавање на овој проблем“, се вели во реакцијата на претседател на Партија за Движење на Турците во Македонија, Енес Ибрахим.

Би можело да ве интересира

Дедо е осомничен дека ги уби синот и внуката во село близу Гњилане

Горан Наумовски

Повеќе од 100 парчиња огнено оружје се украдени од магацин во Ѓаковица

А1он

Срдановиќ: Европската интеграција и дијалогот за Косово ќе продолжат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Србите од Косово одат во Србија на гласање, гужви на границите

Курти: Во буџетот за 2027 година ќе бидат издвоени средства за поддршка на четворица поранешни лидери на ОВК

А1он

(ВИДЕО) Момче од Косово собори Гинисов рекорд со удирање пинг-понг топче вo ѕид

А1он