Теута Арифи: Македонија е заложник на евтини тргувачи со популизам

Од:

Обидот албанскиот народ во Македонија да се претстави како надворешен фактор на државна агресија, е концептуално наивен, но краткорочно опасен акт на безумие, вели потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи во интервју за Дојче Веле.

Македонија во моментот е заложник на една нереална и навидум демократски некоректна тенденција од одредена група на луѓе во физичка форма на политичари и евтини тргувачи со популизмот, кои нивните внатрешни проблеми и стравови се трудат да ги претстават како „патриотска битка“ за зачувување на државата од еден виртуален непријател. Во политичката историја и литература тоа е веќе конзумирана и повеќе пати исчитана теза, карактеристична за одредени тоталитарни политички елити, кои се загубени во нивната себична потреба за власт, која никогаш не била рамна на нивниот интелектуален капацитет.

ДУИ во моментот е во постојан контакт за изнаоѓање мирна и демократска форма на десјтвување, со која ќе се овозможи мирно и функционално предавање на власта, без какви било последици врз стабилноста и демократскиот поредок на земјата. Нашето заедничко политичко дејствување со новото парламентарно мнозинство подразбира што поскоро формирање на реформска влада, порака која повеќе пати ни беше јасно кажана од нашите партнери ЕУ и САД. Секоја различна форма на толкување на нашите досегашни заложби како партија, ја сметам како превртување на тези, кои ги хранат малите политички воајери, во нивниот јасен недостиг на политичка визија и зрелост, вели Арифи.

Таа за обвинувањата дека Декларацијата е осмислен „подарок“ од Ахмети за Никола Груевски вели дека се политички незрели и тенденциозни.

– Декларацијата на албанските партии претставува документ на взаемна согласност, донесен и напишан во Македонија од страна на албанските партии во земјата, чија цел не е исклучување и репресија врз различните, туку трактат на разбирање со кој денес различните ќе бидат исти и горди меѓу еднаквите. Македонија е мултиетничко општество, и тоа е реалност која ако биде потценета, ќе не турне во колективна агонија, каде бледо би се излажале себеси дека патот што веќе го изодевме последните две децении, е пат врз кој пак би сакале да чекориме, вели Арифи.

Би можело да ве интересира

ДУИ нуди „рамковен договор“ за економијата, бизнисот бара владеење на правото

ДУИ: Мицкоски стравува од победничкиот Европски фронт

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Меџити призна дека тој одлучувал за легализациите во Чаир, а не законот

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДУИ: Во сите анкети нашата партија и Бујар Османи се апсолутни победници

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија