Тетовскиот муфтија Ќани Несими денеска одржа прес-конференција и обвини дека раководството на Исламската верска заедница (ИВЗ) незаконски го разрешиле од функцијата. Според образложението на Несими, тоа се случило на седница на ИВЗ на 8 ноември, а на негово место е поставен вршител на должноста.
-На седницата се прекршени повеќе точки од уставот на ИВЗ. Одлуката за именување на ВД Муфтија е спротивна на член 30 став 1 од уставот на ИВЗ кој вели: Неиздавање и повлекување на Мураселе го обврзува муфтиството во рок од 30 дена да предложи можни кандидати за муфтија. Истата незаконска одлука воедно е спротивна и на член 29 став 1 од Уставот на ИВЗ која гласи: Во Муфтиствата каде нема кадар според предвидените услови, се именува координатор, рече на прес-конференцијата Ќани Несими.
Вели дека писмено реагирале до раководството на ИВЗ оспорувајќи ја одлуката да се постави в.д муфтија.
-На ден 08.11.2023 год. писмено реагираше Муфтиството Тетово пренесувајќи едногласен донесен заклучок упатена до Ријасетот и Реисул Улема дека неповикувањето на Муфтијата на ИВЗ – Тетово е директен атак врз самиот основен уставен орган на ИВЗ, и спротивно на член 34 став 1 точка 2 каде е дефинирано членството на Ријасетот, меѓу другите член на Ријасетот со право на глас и на одлучување е и Муфтијата проф. Др. Ќани еф. Несими единствен легитимен претставник на Муфтиството Тетово, истакна Ќани Несими на прес-конференцијата.
Несими најави дека ќе поднесе пријави до надлежните институции.