Mурал на влезот во Тетово изразува почит кон медицинските работници

Од:

Младиот уметник од Тетово, Рејан Етеми изработи мурал на влезот во градот во чест на лекарите и медицинските работници. Сликата е нацртана во боја на ѕидовите од подвозникот на самиот влез во Тетово од Скопје, односно од источната страна.

-Мотивот за овој мурал беше пандемијата со коронавирусот и борбата на докторите. Ова е мој начин да им изразам една поддршка на медицинските лица кои се херои на ова време. Ми беа потребни два дена за изработка на овој мурал, вели Рејан Етеми.

Тетовскиот уметник има дипломирано уметност на Универзитетот во Приштина, каде ги поминал и постдипломските студии.

Би можело да ве интересира

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар