Во Тетово кај крстосницата од улиците „Борис Кидриќ“ и „Јане Сандански“, вчера во 18 часот и 30 минути, без повод и причина, осум засега непознати лица физички го нападнале Н.М (18) од Тетово, удирајки го со раце и нозе, по што се одалечиле од местото.
По нападот на Н.М. му е укажана лекарска помош во МЦ Тетово, каде му е констатирана скршеница на носот, како и повреди во вид на отоци и црвенило во пределот на главата и телото.
ПС Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителите.