Арјета Алити од населбата Горна Чаршија во Тетово вчера починала токму утрото кога требаше да се венча со своето момче од селото Доброште, објави Новатв.
Според информации од семејството на почината 23-годишна Алити, се било подготвено за свадбената церемонија, а семејството на зетот се подготвувало да тргне кон домот на невестата. Првичните информации говорат дека смртта настапила како последица на срцев или мозочен удар. Арјета Алити е погребана во недела попладнето на градските гробишта во Тетово заедно со нејзиниот невестински фустан.