Тетовец кривично пријавен за 13 тешки кражби

Од:

Тетовската полиција поднела кривична пријава против Е.А.(21) од Тетово како осомничен дека е сторител на 13 тешки кражби во изминатите три месеци, информираше портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, осомничениот ги сторил кривичните дела во март, април и мај годинава  и тоа девет во патнички моторни возила, три во продавници и две на велосипеди.

– Во периодот за кој станува збор  најчесто со кршење на стаклата Е.А. провалувал во моторните возила и одземал мобилни телефони, чанти, очила за сонце, парфеми и друго додека од продавниците одземал цигари и пари. Тој од претходно е познат на органите на редот како сторител на други криминални активности пред се во кражби и тешки кражби, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари