Тетовец бил жртва на измама, платил 450 евра за фиктивна работа во Канада

Од:

Дваесет и седумгодишен жител на Тетово во полицијата пријавил дека бил измамен од човек кој му ветувал престој и работа во Канада, за што уплатил 28 илјади денари. Тетовец преку електронска пошта добил понуда во ноември 2019 година.

-Лице кое се претставило како С.Б., од консултантска фирма од Канада на А.С. (27) од Тетово му испратил понуда за престој и работа во Канада. Според пријавата С.Б. требало да им ја достави потребната документација, како и бројот од кредитната картичка на А.С од која ќе ја повлечат потребната сума на пари, а тие ќе му ја пополнат апликацијата и за период до шест месеци ќе биде известен за аплицирањето, информира СВР Тетово.

Тетовецот набргу од банката бил известен дека од неговата сметка биле повлечени 27.850 денари.

-Откако поминало повеќе време од најавеното без да добие повратен одговор, сфатил дека бил измамен, па вчера го пријавил случајот, информираат од СВР Тетово.

Сега полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Голема измама со мобилни телефони во Европа, штетата е 300 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски