51-годишниот рудар Б.Ѓ. од Пробиштип е тешко повреден во рудникот за олово и цинк Добрево.
Според полицијата, рударот се повредил вчера претпладне откако во една од рудничките јами изгубил контрола врз машината со која работел, по што бил нагмечен на левата страна од телото.
За среќа, во близина биле неколкумина негови колеги, кои го однеле повредениот рудар во пробиштипскиот Здравствен дом, а поради сериозноста на повредите тој е хоспитализиран во штипската Клиничка болница.