Тешки кражби во Штип и во Куманово, украдени се околу 1,4 милиони денари

Од:

За време на вчерашниот ден во одделни настани во Штип и во Куманово направени се две кражби во станови при што украдени се пари и предмети во вредност од 1,4 милиони денари.

Во Штип на улица Сутјеска во станот на Л.С., непознат сторител насилно влегол, кршејќи го прозорот и извршил кражба при што одзел 20 златни лири, 5.000 евра, музички систем, плазма телевизор и дигитален ресивер.

Вкупната вредност се проценува на околу 500.000 денари, а од МВР информираат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на случајот.

На улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово, од станот на лицето Г.Л. биле украдени околу 900.000 денари и видеокамера „Канон“.

Сторителот во станот влегол кршејќи ја балконската врата, а полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против лице од скопско, расчистени четири тешки кражби

Ги намаливме кражбите, ама и граѓаните треба подобро да се штитат, порачува Спасовски

Жарко Настоски

Дрски скопски крадци влегле преку балкон и ограбиле мајка и ќерка, додека жртвите спиеле

Жарко Настоски

Тројца малолетници осомничени за 12 кражби во Тетово

Штипската полиција фати тинејџер-сериски арамија кој извршил 22 кражби

Жарко Настоски

МВР: Кражба на аптека во скопско, палени контејнери кај пазарот Буњаковец

А1он