Ги намаливме кражбите, ама и граѓаните треба подобро да се штитат, порачува Спасовски

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека има намалување на бројот на кражби во споредба со минатата година, што според него, се должи и на превентивните активности на Министерството.

Одговарајќи на новинарски прашања по денешното отворање на канцеларија во општина Илинден, Спасовски информираше дека заедно со Одделот за превенција работат на тоа да им укажат на граѓаните како и на кој начин треба да ги заштитат домовите, бидејќи, како што кажа, секој по малку треба да придонесе во јавната безбедност.

– Минатата, 2020 година, беше година во која покажавме многу добри резултати во повеќе области, дури имавме резултати што се најдобри во последните 30 години во повеќе видови на криминалитет. Оваа година, нашата цел е да ги подобриме уште повеќе тие резултати и што е можно криминалитетот да се намалува во некои рамки кои што би биле добри за сите нас и за граѓаните и за безбедноста. Така што максимално континуирано и посветено се работи во овој дел со цел, не само да ги спречуваме, туку и да ги откриеме сторителите и за тоа да сносат одговорност, рече Спасовски.

Тој дополни дека минатата недела биле расчистени 26 кражби на територијата на Скопје, и тоа пред сè биле кражби на инфраструктурата на Телеком. операторите.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба