Тепачка во Гостивар – со нож повредени двајца

Од:

Три лица од Гостивар се повредени синоќа во тепачка во која е употребен нож. Двајца завршиле на скопските клиники со расеченици, а еден е полесно повреден.

Според СВР Тетово,  околу 21 часот на улицата „Ленинградска“ дошло до физичка пресметка на повеќе помлади лица. На тепачката и претходела куса расправија меѓу гостиварците М.Б. (23) и Ф.Ф. (30) од една страна и Л.Ј. (21) од друга.  Дваесет и едногодишник со нож, кој наводно го извадил Ф.Ф., им нанел расеченици на другите двајца, на едниот во вратот, а на другиот во десната надлактица. Во неутврдени околности уште едно лице е полесно повредено, веројатно со скршено шише.

Повредените биле згрижени во гостиварската болница, по што се препратени на скопските клиники и се надвор од животна опасност.

Осомничениот за ранувањето на двајцата гостиварци е приведен и по расветлување на поединостите ќе се соочи со соодветна пријава, а во текот на денот ќе биде изведен и пред судија во претходна постапка.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски