Тепачка во Гостивар, двајца повредени

Од:

Две лица се повредени во тепечка што се случила вчера попладне во Гостивар по претходна расправија поради недавање првенство на минување во сообраќајот.

Настанот се случил околу 17.30 часот на ул. „Беличица“, пред угостителскиот објект „Бејби Блу“. Полицијата излегла на терен по пријава за нарушување на јавниот ред и мир при што затекнала поголема група граѓани, сообраќајот бил блокиран, а возило „Форд Мондео“ со гостиварски регистерски ознаки било оштетено.

Во еден момент, додека полицајците преземале мерки, од групата се издвоиле Е.М.(1985) од с.Здуње и З.З.(1982) од с.Балиндол, кои се стрчале кон кружниот тек оглужувајќо се на полициксата наредба да застанат. Веднаш по нив се упатиле и И.Д.(1982) и Д.Д.(1979) двајцата од Гостивар.

Меѓу лицата настанала тепачка, при што полицајците не биле во можност да воспостават ред, по што од еден полициски службеник, од службениот пиштол испукал три предупредувачки куршуми во воздух.

По пристигнување на други полицајци на местото на настанот, лицата биле приведени во полициската станица во Гостивар и по извршениот разговор биле пуштени. Од тепачката, со видливи повреди во пределот на главите се здобиле З.З. и Е.М.

Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски