Група малолетници во четвртокот нападнале двајца тинејџери од скопско Булачани во автобус со број 65 на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ кај, Бит Пазар.
Според МВР, малолетниците ги нападнале двајцата осумнаесетгодишници во автобусот, почнале да ги удираат со клоци и тупаници и избегале. Официјално , нападот се случил без посебен повод и причина.
Искршен бил и еден прозорец на автобусот и една рачка од патничко седиште. Полицијата работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.