Тепачка меѓу средношколци во Скопје

Од:

Повеќе полициски патроли се на терен на улица Трета македонска ударна бригада во населбата Аеродром, по тепачката меѓу две групи ученици, јави Канал 5.

Од скопската полиција велат дека во тепачката двајца ученици се повредени и префрлени во Ургентниот центар во Скопје со телесни повреди.

Тепачката се случила околу 19 часот на улицата, а според првичните сознанија на полицијата се пресметале две групи ученици. Во едната биле ученици од средното хемиско училиште, додека другата ја чинеле ученици од средното ПТТ училиште. И двете училишта се наоѓаат во тој дел на Скопје.

Во тепачката биле употребени и тврди предмети. Полицијата интервенирал и досега обезбедила две лица, ученици кои учествувале во тепачката.

Од полицијата засега не ги соопштуваат мотивите за инцидентот во кој на две страни биле ученици од соседните средни училишта во Аеродром.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски