Тензично судење: Нинџа го тужи Стоилковски оти се исплашил, судијката не обезбеди тонско снимање и одржа рочиште

Од:

Тензично помина рочиштето каде Александар Василевски-Нинџа, осуден и сведок во предметот „27 април“, го тужи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, за клевета. Причината е прес-конференција каде портпаролот кажа: „Режимот на СДСМ/ДУИ пресуди над 200 години затвор заради изјавата на Александар Василевски-Нинџа, а тој ќе шета слободен по улиците. Над 200 години затвор, Нинџа помилуван од Пендаровски на предлог на Маричиќ и на Заев“.

Судијката Наташа Тодорова најпрво не овозможи тонско снимање на рочиштето со образложение дека нема услови, одби истото да го одложи додека не обезбеди судница со инсталирана опрема, не дозволи на новинарската екипа на „Макфакс“ да води забелешки, се закани со земање опрема за работа, го извади тужениот надвор од судница повикувајќи се на ЗПП, но не и на член од законот, а потоа го сослуша тужителот Василевски-Нинџа. Расправија имаше и меѓу Ружица Николовска, адвокатка на Стоилковски и судијката. Николовска бараше Стоилковски да остане во судницата, судијката да не прави суштествена повреда и да води рочиште без тонско снимање. Судијката Тодорова пак, во записник не нотираше сè што на рочиштето беше кажано, со образложение: „Судот одлучува што ќе влезе на записник“, што е спротивно за ЗПП. Сето ова, на крајот, по исказот на Нинџа, резултираше со барање за изземање на судијката, за кое треба да одлучи претседателот на судот.

„Останувам на тужбеното барање. Предлагам да се прифати“, кажа адвокатот Sвонко Давидовиќ на судењето, барајќи Стоилковски да биде осуден за упатена клевета, додека, пак, адвокатката Николовска побара барањето да биде одбиено.

Нинџа пред судот впери прст во претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и други функционери дека со нивните изјави му ја загрозиле безбедноста и предизвикале страв. Тој во граѓански суд кажа дека тој во предметот „27 април“ се бранел, а не ги нападнал другите. Нинџа посочи дека бил обвинет, а не сведок.

„Во декември 2021 година на средствата за јавно информирање видов како лицето Наум Стоилковски дава изјава пред Министерството за правда во која кажува дека лицето Александар Василевски добил ослободување од страна на Пендаровски за лажните сведочења за случајот ’27 април’ каде луѓето кои лежат 211 години се осудени врз основа на  негова лажна изјава, а тој се договара со Заев и Маричиќ да биде помилуван…Тоа кај мене побудува чувство на загрозеност и страв, за мене и мојата фамилија. Кажува нешто што не е точно, дека јас сум ги наклеветил за да добијат толку високи затворски казни“, кажа Василевски-Нинџа во дел од исказот.

Се правдаше дека не ги познава Зоран Заев и Бојан Маричиќ, кои беа премиер и министер за правда во тој период кога е давана изјавата од Стоилковски. Како факт дека се плашел и дека безбедноста му була загрозена наведе дека бил преместуван од затвор во затвор. Одново раскажуваше што правел на „27 април“, споменуваше имиња на началници во УБК, кажуваше какви наредби добивал од началниците

„Со осудените лица на 211 години другарувавме и бевме едно семејство, делевме иста соба… Потоа почна ‘хушкање’ дека еден од виновниците за казната сум јас. А тоа хушкање почна од телевизиски интервјуа на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Потоа бев пренесен во затворот ‘Скопје’ во Шуто Оризари. Наум Стоилковски е капакот кога реков да се преземе некаква мерка, бидејќи притисокот веќе не можам да го трпам. Ме растревожи изјавата“, додаде Нинџа пред судот.

Адвокатката Ружица Николовска немаше ниту прашања за тужителот бидејќи немаше можност да се консултира со нејзиниот клиент, тужениот Стоилковски. Таа сметаше дека чекорите на судијката се тенденциозни. Кога во судницата влезе Стоилковски и почна да дава исказ, судијката реагираше зошто пред него има лист. Стоилковски, пак, возврати дека не чита.

„Немојте да читате, распит на странки е“, рече судијката Тодорова, а Стоилковски возврати: „Тек ако почнам да читам, ќе видите…“ и пред да ја доврши реченицата, судијката возврати: „Немојте да се заканувате“ и го опомена.

Стоилковски и Николовска обвинија за нетрпеливост и пристрасност на судијката Наташа Тодоровска на судењето и побараа нејзино изземање. Давањето исказ беше прекинато. За изземањето треба да одлучи претседателот на судот, Илир Сулејмани.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Пендаровски да не се крие зад закани со тужби, веднаш да каже што договарал со Асаф Еисин на Бихаќка и со кои пари тој е платен?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стоилковски: Академија за судии и јавни обвинители го крши изборниот законик со вработувања

Стоилковски: Непотизам во Охрид, роднината на Зечевиќ главен кадровик на СДС во општината

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Единствено што СДС знае е непотизам, партизација, кронизам, Охрид е пример за тоа

(ВИДЕО) Стоилковски: Во неполни 20 дена Филев директор на ЦСР Радовиш од СДС, два пати е апсен

Горан Наумовски

Стоилковски: Директор на центар за социјални работи, кадар на Тренчевска во Радовиш, приведен за трговија со дрога