Тело на Нигеријка пронајдено покрај пругата кај Миравци

Од:

Дваесетидеветгодишна Нигеријка загинала најверојатно од удар од воз во близина на железничката станица во Миравци. Како што соопшти полицијата, вчера околу 10:20 часот на пругата Скопје-Гевгелија кај Демир Капија, вработен во Македонски железници на 200 метри пред железничката станица во Миравци, во каналот покрај патот забележал човечко тело.

Увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Неготино, при што е констатирано дека се работи за Граце Е.(29) од Нигерија, која имала повреди во пределот на главата – скршеница од удар најверојатно од воз.

По наредба на Јавното обвинителство, телото е предадено на погребалното претпријатие од Неготино за закоп на градските гробишта во Неготино.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски