Телма бара да се повлече спотот на ВМРО-ДПМНЕ во кој се злоупотребува телевизијата

Од:

Телевизија Телма бара од владеачката ВМРО-ДПМНЕ да се повлече спотот во кој се злоупотребува телевизијата.

„Без претходно да не` информира или пак да побара согласност, оваа партија како нарачател на телевизиски спот во кој, на нивен својствен начин го критикува политичкиот противник, вметнува слика и тон препознатливи за Телма, што е недозволиво и спротивно на сите етички, морални, но и законски норми“, реагираат од телевизијата.

Бараме од ВМРО-ДПМНЕ да престане да ги злоупотребува архивите што ги поседува,а во кои најверојатно се наоѓаат и вестите на телевизија Телма,кои патем се наша сопственост и авторски труд заштитен со закон. Истото се однесува и на сите други политички партии.Телма очекува соодветна реакција и од Советот за радиодифузија и повлекување на спорниот политички спот,чиј нарачател е ВМРО-ДПМНЕ.

Телевизија Телма најостро се спротиставува на злоупотребата на нашиот медиум во политички цели од страна на ВМРО-ДПМНЕ при јавната пресметка со нивниот политички противник СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март