Телефонски разговор Заев-Гутереш: Постои позитивна динамика и можност да се дојде до решение за името

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев попладнево имаше телефонски разговор со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, ги поздрави реформите што ги прави Владата, вклучително и позитивниот пристап на нашата држава во односите со соседите.

Позитивно е оценет Договорот со Бугарија, во којшто се гледа и придонес за односите меѓу соседите во регионот, освен како подобрување на билатералните односи помеѓу двете држави.

Генералниот секретар, Гутереш, во име на ОН ги поддржа разговорите што се водат со Грција под под покровителство на медијаторот Метју Нимиц. Тој оцени дека постои позитивна динамика и можност да се дојде до взаемно прифатливо решение.

Генералниот секретар на ОН, Гутереш најави дека ќе разговара и со грчкиот премиер Ципрас и рече дека ги охрабрува двајцата премиери и владите на двете држави да продолжат да работат во насока на решавање на долгогодишниот спор.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Заев, се заблагодари на генералниот секретар на ОН, Гутереш и за ангажманот на медијаторот Нимиц, кој долго работи на изнаоѓање взаемно прифатливо решение.

Премиерот Заев оцени дека Договорот со Бугарија ги подобри билатералните односи, и придонесе кон зголемување и на трговската размена меѓу двете држави, но даде и охрабрување да се влезе во надминувањето на проблемот што го има Република Грција со уставното име на Република Македонија.

Во телефонскиот разговор со генералниот секретар на ОН, Гутереш, премиерот Заев изрази надеж дека ќе се најде взаемно прифатливо решение и дека тоа ќе биде добро и за двете држави, но и за целиот регион.

„Да престанеме да се занимаваме со минатото и да работиме заедно за подобра заедничка иднина“, додаде премиерот Заев.

Премиерот Заев во разговорот се заблагодари за континуираната поддршка на Обединетите нации и УНДП во развојот на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот