Телефонски разговор Заев – Борисов: Продолжуваат преговорите за отворените билатерални прашања

Од:

Премеирот Зоран Заев денеска имал телефонски разговор со премиерот на Бугарија Бојко Борисов информираат од Владата.

Во телефонскиот разговор Заев и Борисов зборувале околу подготовките за претстојниот самит во Софија во рамки на Берлинскиот процес. Договорен е уште еден телефонски разговор за утре на кој ќе биде донесена одлука за дформатот на состанокот на премиерите на земјите од Западен Балкан во рамки на Самитот во вторник. Треба да биде решено дали ќе се одржи со физичко присуство во Софија или целосно онлајн.

Премиерите Заев и Борисов изразија меѓусебно уверување дека ќе продолжат да разговараат и директно и преку владините претставници и тимови, со цел изнаоѓање заедничко решение за отворените билатерални прашања во интерес на двете земји и во интерес на европските интеграции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Борисов: Бугарија е во тежок период

А1он

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Борисов поднесе оставка: Се откажува од пратеничката фотелја

А1он