Театар Комедија ја продолжува акцијата средствата од билетите од последната претстава во месецот да ја донира за хуманитарни намени.
На 28 февруари средствата од продадените билети за претставата „Сон на летната ноќ“, работена според Вилијам Шекспир ќе бидат донирани на Ирена Танчева од Струмица, која остана неподвижна како последица од сообраќајната несреќа на 27 април кога ги носела своите дечиња в градинка.
Театар Комедија со овој гест и испраќа желби за брзо закрепнување и се радува на можноста Ирена повторно да застане на нозе.