(ВИДЕО) Бунт на вработените во „Театар Комедија“: Доколку Нора Шаќири не е соодветен кадар, Дарко Спасов да биде в.д. директор

Од:

Дел од вработените во Театар Комедија најавуваат бунт со правни и јавни механизми, доколку на местото в.д. директор од каде е разрешена Нора Шаќири-Марковиќ, биде назначена актерката Магдалена Ризова-Черних. Тие не го спорат разрешувањето на Шаќири-Марковиќ ако така смета Министерството за култура, но бараат на нејзино место да биде Дарко Спасов, драматург, бидејќи во него имаат доверба.

„Не се согласуваме со разрешување на Нора Шаќири Марковиќ и назначување на Магдалена Ризова-Черних. Шокирани сме од оваа одлука со која за нов В.Д. директор се поставува човек што беше дел од претходната управа која што беше разрешена поради неправилности во работењето. Можеби е крајно време Инспекторатот за труд да го посети Театар Комедија. Кога Театарот беше на колена, во долгови и без услови за работа, со нарушени меѓучовечки односи, В.Д. директорката што сега ја разрешува Министерството успеа да реши дел од овие проблеми и да го врати Театарот на вистинскиот пат“, велат вработените во видеото кое го сподели актерот Атанас Атанасовски.

Со реакција за разрешувањето на Нора Шаќири се јави и актерката Сања Арсовска која вели дека е скандалозно тоа што Нора воопшто била поврзана со културата и театарот минативе години.

По скоро десет месеци од назначувањето, Нора Шаќири Марковиќ е разрешена од директорската функција во Театар Комедија. Ова доаѓа откако таа беше пријавена за мобинг односно психичко вознемирување врз вработените во театарот. Повеќе информации од тоа што увиделе инспекторите, не беа споделени со јавноста. На нејзино место, за нова в.д. директорка е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот.

Би можело да ве интересира

Разрешената директорка на Театар Комедија: Имав притисоци од министерката Стефоска да дадам оставка

Стефоска пред заминување ја разреши директорката на Театар комедија, по месец дена откако ја назначи

Кристијан Ландов

Стефоска ги информирала вработените во Театар комедија дека е објавен оглас за нов директор

А1он

Шаќири: Бев разрешена оти казнив вработен кој без образложение не доаѓаше на работа

Мери Јордановска

Нора Шаќири разрешена од директорската функција во „Театар комедија“

Кристијан Ландов

Стота изведба на „Вардарски пастуви“ во Театар Комедија

Ана Ололовска