Нора Шаќири разрешена од директорската функција во „Театар комедија“

Од:

По скоро десет месеци од назначувањето, Нора Шаќири Марковиќ е разрешена од директорката функција во Театар Комедија. Ова доаѓа откако таа беше пријавена за мобинг односно психичко вознемирување врз вработените во театарот. Повеќе информации од тоа што увиделе инспекторите, не беа споделени со јавноста. На нејзино место, за нова в.д. директорка е назначена актерката Магдалена Ризова Черних која и е вработена во театарот.

Од Министерството за култура велат дека го добиле извештајот од Државниот инспекторат за труд. Во нивното објаснувње стои дека, разрешената Шаќири Марковиќ го прекршила Законот за спречување корупција. Според цитираниот член од Законот, таа започнала постапка за престанок на работен однос за време на избори, што е забрането. Дополнително наведуваат дека таа го прекршила и Изборниот законик, како и Законот за заштита од вознемирување на работно место.

„Со тоа се потврдува дека раководното лице водело и ја завршило дисциплинската постапка врз вработени во време на изборен процес. За нов в.д. директор на НУ Театар Комедија е назначена“, велат од Министерството за култура за „А1он“.

Инаку, во февруари годинава беше разрешен Сашо Ристовски кој беше директор на „Театар комедија“. Кај него беше констатирано дека направил злоупотреба со буџетски средства на театарот.

Би можело да ве интересира

Две претстави и многу смеа: Почна фестивалот „Гола месечина“ во општина Аеродром

Ана Ололовска

Разрешената директорка на Театар Комедија: Имав притисоци од министерката Стефоска да дадам оставка

Стефоска пред заминување ја разреши директорката на Театар комедија, по месец дена откако ја назначи

Кристијан Ландов

Стефоска ги информирала вработените во Театар комедија дека е објавен оглас за нов директор

А1он

Шаќири: Бев разрешена оти казнив вработен кој без образложение не доаѓаше на работа

Мери Јордановска

(ВИДЕО) Бунт на вработените во „Театар Комедија“: Доколку Нора Шаќири не е соодветен кадар, Дарко Спасов да биде в.д. директор

Ландов