Таткото на Тушевски „слушнал“ дека Бошкоски му го убил синот

Од:

Димитар Тушевски, татко на убиениот Марјан Тушевски во продолжениото на процесот Ровер денеска пред судот изјави дека Љубе Бошкоски го убил неговиот син, но не понуди никаков доказ. Тој и како заштитениот сведок посочи дека оваа информација му е од “тоа како зборувале луѓето“.

Според верзијата на таткото на Тушевски, Марјан Тушевски требало да избега во Грција меѓутоа бил спречен поради тоа што неговата девојка му пренесувала се на Бошкоски, па затоа го убиле.

Целиот исказ на Димитар Тушевски како што рече се заснова на муабетите кои ги слушнал. Тој не знаеше дали некогаш се сретнале екс министерот и неговиот син и не бил присутен никогаш на таква средба. Таткото на Тушевски иако ја посочи девојката на неговиот син дека комуницирала со Бошкоски, тој не го знаеше нејзиното име.

По паузата, во процесот кој денеска продолжи, не е понуден доказ за вмешаност на Љубе Бошкоски во убиството на Марјан Тушевски, доколку не се случи судот по некоја случајност да ги смета за докази „муабетите во градот“. Токму и заштитениот сведок кој тврдеше дека Орце Коруновски добил зелено светло за убиството од екс министерот немаше доказ за тоа, освен дека слушнал дека така се зборува. Тој дури и за клучниот момент кога бил со Орце Коруновски во куќата на Бошкоски кажа дека не влегол внатре, не знаеше дали Бошкоски бил дома и не го слушнал муабетот, ама посочи дека „се зборувало меѓу луѓето“ дека Љубе Бошкоски бил замешан. За убиството слушнал на медиумите, а куќата на Бошкоски посочи дека е во населбата Црниче, иако таа е на Водно.

За А1, еден од сведоците, посочи дека биле терани само до го спомнуваат Љубе Бошкоски во било кој контекст поврзан со убиството. Тој одбива јавно да зборува додека не се заврши процесот.

Судот почна и тера процес за убиство после 11 години, а убијците ги нема и според адвокатите никој и не ги побарал да се појават во судот.

Тие посочија дека се работи за монтиран и нарачан судски процес во кој целта е Љубе Бошкоски, но според нив судот нема никакви докази и се се заснова на несериозни обвинувања и чаршиски муабети.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

A1on

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

A1on

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

A1on

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ