Татко убил син во скопски Аеродром

Од:

Осумдесет и седумгодишен скопјанец вчера со огнено оружје го убил својот 59-годишен син во скопската населба Аеродром, соопшти поладнево Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 19:32 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на улица „Методија Шаторов Шарло“ во Скопје со повреди од огнено оружје биле пронајдени Б.Д. (87) и В.Д. (59), татко и син, двајцата од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во станот пронашле пиштол и неколку чаури. Лекар од Итна медицинска помош кај В.Д. констатирал смрт, додека Б.Д. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, се наведува во соопштението на Министерството.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он

Сериски убиец во Куманово: покрај жената во Челопек, 25-годишникот можно е да е поврзан и со други злосторства

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Уапсен е 25 годишник кој со перница задуши старица во село Челопек

А1он

Убиство во Мостар, се утврдува идентитетот на починатиот

А1он