Татко извршил обљуба над својата 14-годишна ќерка во Дебар. Против него е поднесена кривична пријава и одредена му е мерка притвор до 48 часа, по што тој е спроведен во Казнено – поправниот дом во Скопје.
Четириесет и осумгодишниот жител на Дебар ја извршил насилно обљубата на 6-ти овој месец во сопствениот дом, а од разговорот со неговата ќерка е утврдено дека вакви дејствија се случувале повеќепати претходно и започнале пред три и пол месеци.
По наредба на јавен обвинител од Гостивар извршен е здравствен преглед на девојчето.
Пријавениот е познат сторител на казнени дела и против него во претходниот период се поднесени кривични пријави за „насилство“, „предизвикување општа опасност“, „измама“ и „фалсификување на исправи“.