Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека е разрешен директорот на Кумановската општа болница Стефан Трајановски. Ја разгледал документацијата на државната санитарна инспекција и, како што рече, во министерството констатирале дека има предуслови да се разреши директорот на Кумановската болница.

Таравари денеска го посетил семејството на младиот кумановец кој почина на 17 март во Кумановската општа болница по примање терапија. Утре, како што најави, ќе биде назначен нов директор на болницата. Министерството разгледува две до три имиња од редовите на јавната здравствена установа од Куманово.

– Бев во семејството да изразам сочувство на починатиот 32-годишен Ведат Адеми пред да дојдам тука. Го прочитав извештајот што беше подготвен од државниот републички санитарен инспекторат и во него може да се констатира многу лесно дека веќе има предуслови да речам за да се разреши директорот на Општата болница во Куманово. И веќе директорот е разрешен од таа позиција. Се надевам дека утре по консултации со колегите во министерството ќе назначиме нов директор на Општа болница во Куманово, изјави Таравари на градскиот плоштад од Куманово.

Таравари информира дека професионален тим од Министерството за здравство детално ќе ја разгледа целата документација која потоа ќе биде предадена на обвинителството. Таравари кажа дека сите кои водат институции и лекарите треба да одговараат ако има некакви пропусти.

– Сега треба професионалниот тим којшто е направен од Министерството за здравство да дојдат и да ги разгледаат сите документи уште еднаш и потоа сите ќе бидат предадени на обвинителство, се надевам дека судството ќе донесе правична одлука доколку постои лекарска грешка. Меѓутоа треба да бидеме свесни дека и тие што водиме институции, па и тие што лекуваме пациенти, доколку има некакви пропусти мора да одговараат. Затоа од утре јас ќе ве известам и министерството ќе излеземе со името на новиот директор на Општа болница во Куманово, изјави Таравари.

Одговарајќи на новинарски прашања за конкретните пропусти утврдени од Инспекторатот, министерот за здравство Таравари рече дека не е коректно јавноста да дознае информации пред официјалните институции.

– Јас не би сакал да зборувам за тоа. Мислам дека има одредени работи коишто се неправилни, не се како што треба, затоа веќе постојат и услови за да се разреши тој што ја води институцијата. И затоа ви кажав дека директорот е веќе разрешен. Јас мислам дека не е коректно пред јавноста да кажеме работи коишто треба потоа да се дадат и на професионалната комисија и на обвинителството да кажеме отсега меѓутоа мислам дека веќе постојат индиции и дека тој што организира работата во болницата требало да внимава да не се случуваат такви работи, рече Таравари.

Министерот за здравство рече дека во ресорното министерство разгледуваат два-три можни имиња за директор на Кумановската болница од редовите на самата установа и повтори дека утре ќе биде назначен.

– Не знам дали е информиран (директорот). Јас ви кажувам дека од министерство ние го разрешивме, изјави Таравари.

Во однос на статусот на лекарот кој го третираше младиот кумановец, Таравари рече дека не може да биде обвинител, судија и полицаец.

– Јас тоа што можам да го направам како министер е да го разрешам тој што ја организира здравствената установа, додека има професионална комисија потоа се дава во обвинителство. Јас не можам да бидам обвинител и судија и полицаец. Јас мислам дека по инспекцискиот надзор од санитарна инспекција во Куманово, треба нов раководител и веќе од утре ќе биде поставен нов директор од редовите на болницата, рече Таравари.

Во однос на непрописно паркираните возила кои го доведоа министерот во близина на градскиот плоштад, Таравари рече дека треба да се казнат веднаш.

Одговарајќи на новинарски прашања за тоа дали е информиран коалицискиот партнер од чии редови е Трајановски, Таравари рече: „Секако, нон-стоп сме во координација, така што секако дека каде што има грешки едни од други бараме да има одредени промени и ги правиме“.

Би можело да ве интересира

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Забрана за летање и снимање со дронови на десетина локации во земјава

Предраг Петровиќ

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри

Тошковски: Ако постои правило дека дрон не сме да лета над толпа, тогаш тоа не треба да се прави

Предраг Петровиќ

Манев: Палевски ја одлепи траката од устата на Вања, ја сликаше со вперен пиштол, а откако ја уби во ранче го спакува пиштолот

Предраг Петровиќ

АЦВ за снимањето со дронови: Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо

Предраг Петровиќ