Таравари: Договорот за влез на Алијанса во Владата не е дефинитивен, но шансите се огромни

Од:

Шансите за влез на Алијанса за Албанците во Владата се огромни. Договорот не е дефинитивен, но веројатноста тоа да се случи е реална рече по средбата со премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари

– 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, за кадровски прашања не разговаравме, во следните денови ќе ги отвориме и кадросвските решенија. Се надевам во следните денови ќе има нова средба рече Таравари.

Таравари има неколку барања за кои вели дека со Ковачевски псотигнале догвор. тоа се евроинтеграции на земјава како приеоритет, борбата против корупција, законот за влада, како и барањето Бирото за рамномерен развој да стане Агенција.

Таравари вели дека неговата партија има најквалитетни кадри за здравство, но потоенцира дека за ресорите и за тоа кои кадри ќе ги понуди Алијанса дополнително ќе биде разговарано.

Од прес службата на Владата инфромираа за средбата.

– На средбата, премиерот Ковачевски и Таравари разговараа за повеќе актуелни теми врзани со стратешките определби на државата. Разговарани беа придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО, отпочнувањето на преговорите со ЕУ со крајна цел полноправно членство во ЕУ како и стратешкото партнерство кое Северна Македонија го има формализирано со Соединетите Американски Држави.Работните состаноци на премиерот со парламентарните и вонпарламентарните политички партии, на кои фокусот е продолжувањето на европскиот пат и носењето одлуки исклучиво во интерес на граѓаните и државата, ќе продолжат и понатаму се наведува во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Уставните измени нема да се одложат

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски се шегува на сметка на Бектеши: Играше фудбал за Влазерими, сега игра кошарка во кабинет кај Груби

Орце Костов

(ВИДЕО) Граѓаните го начекаа Ковачевски во маркет: Премиере лекови не може да се купат со два денари од заштеда на макарони

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Груби од институциите направија логистика за бизнисите блиски до нив, затоа нема пари за учебници

(ВИДЕО) Ковачевски: Со заштитени идентитетски одредници сме рамноправна членка на НАТО, трасираме пат кон ЕУ

Ана Ололовска

Ковачевски и Груби се во паника, 10 пратеници од власта нема да гласаат за уставни измени тврди ВМРО-ДПМНЕ