Талески: Не знам зошто сме обвинети, па ние ги намалувавме цените на превозот

Од:

Повеќе од два часа обвинетиот ексградоначалник на Општина Битола, Владимир Талески, одговараше на прашањата на неговиот адвокат, Димитар Дангов, за обвинението за злоупотреба со превозот на ученици во општинските училишта во Битола во предметот на СЈО „Транспортер“.

Талески одговарајќи на прашањата рече дека тој и неговиот менаџерски тим работеле законски и не му јасно зошто се обвинети бидејќи тие дури и се заложиле и ги намалиле цените на превозот на ученици.

„Не разбирам зошто сме обвинети, дека сме биле корумпирани и сме правеле штета во буџетот кога ја гледате нашата тенденција дека бараме начин како да го изреализираме до крај Законот за слободен превоз на начина за да се намалат цените за превозот на ученици и тие бие намалени учениците“, рече обвинетиот и појасни дека заедно со соработниците пронашле два за 60-ина проценти.

„Цените се понудата. Фиксните точни поединечни цени на релациите. Децата кои ќе се возат и следната година со истото превозно средство ќе се возат по утврдените цени поединечно на релациите. Да, утврдена е вредноста на договорот но не е нумерички утврдена. Утврдена е со начин и метод“.

Претходно адвокатот Димитар Дангов го праша Талески за „бомбата“ која што беше објавена во јавност, алудирајќи на говорот на обвинителката Фатиме Фетаи дека превозот на ученици во Битола бил поскап и од Токио.

Судијката Кацарска не го дозволи прашањето по приговорот на обвинителот Трајче Пеливанов, бидејќи како што рече, тоа како содржина го нема во доказите.

„Обвинетиот не може да одговори колку чини превозот во Токио…“, кажа Кацарска.

Судењето за „Транспортер“ почна на 28 септември 2017 година, но расправата почна од почеток. Обвинети се 21 лице за злоупотреби на буџетот со превозот на ученици во Битола.

Меѓу обвинетите се ексградоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, експретседателот на Комисијата за јавни набавки во Битола, директори на средни училишта, како и превозници кои наплаќале двојно повисока цена за превозот.

Би можело да ве интересира

Поранешни вработени во СЈО бараат извинување од Пендаровски за говорот по повод Илинден

А1он

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска

Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминалот

Ана Ололовска

Дескоска: СЈО згасна, но не и предметите кои ги отвори

Ана Ололовска

Ристоска на последниот работен ден на СЈО: Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови

Ана Ололовска

Обвинителство тврди дека на Јанева не и биле ускратени права, иако таа се соблече во знак на протест

Кристијан Ландов