Талески: Усвоен Законот за служба во Армијата,подобри услови за работа и пензионирање на војниците

Од:

Собранието ги усвои измените на Законот за служба во Армијата, откако ова законско решение цела година беше блокирано од страна на опозицијата. Овие измени и дополнувања обезбедуваат сериозни придобивки за припадниците на Армијата рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Миле Талески.

– Следува зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал за над 2.000 денари. Професионалните војници стекнуваат право на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата. Придобивки има и во делот на пензионирање на војниците. Од сега, војниците ќе се стекнуваат со право на пензија со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на возраста. Има и нова пресметка за активен воен и цивилен персонал кој правото на пензија го стекнал од денот на формирање на Армијата, во висина од 80% од најповолните 10 години од пензискиот стаж. Со законските измени се регулира областа на професионалност, непристрасност и законитост во вршењето на должностите во Армијата и во Министерството за одбрана, на политички неутрален начин. Законот децидно предвидува дека во Армијата нема место за партиско дејствување и можеби токму ова беше причината зошто ВМРО-ДПМНЕ со 2.000 амандмани се обидуваше да го закочи носењето на овој Закон вели Талески.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!