Талески: Не може со една снимка да се прави политичка хајка

Од:

По два и пол часа распит во Специјалното јавно обвинителство, градоначалникот на Битола, Владимир Талески замина со полициска придружба. На заминување тој кратко коментираше дека се работи за наметната постапка и не може врз основа на една снимка да се прави ваква политичка хајка.

Тој тврди дека постапките за тендерите за училишниот превоз во Битола биле транспарентни и дека тоа ќе го докаже.
Талески не даде конкретен одговор за тоа дали од домашен притвор ја води општината.

-Има одлука од Обвинителството која јас мора да ја почитувам, рече тој.

Талески во СЈО пристигна на пладне, без лисици на рацете, со својот адвокат Никола Додовски и со полицаец.
По денешниот распит ќе зависи дали СЈО утре ќе бара продлжување на притворот кој истекува утре.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Пеливанов го повлече обвинението за „Транспортер 2“ каде го обвинуваше Владимир Талески за штета врз буџетот од 70 илјади евра

Кристијан Ландов

Апелација ги намали казните во „Транспортер“, Владимир Талески треба да лежи седум наместо осум години затвор

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов