Талески изврши увид во градежните активности на новиот резервоар за вода во „Буковски ливади“

Од:

Градоначалникот Владимир Талески и Ангела Екард, претставник на германското сојузно министерство за економска соработка и развој денеска извршија увид на градежните активности на новиот резервар за вода во населбата „Буковски ливади“, проект што го реализира ЈП „Водовод“-Битола.

– Германската Влада ја поддржува Македонија со програма за водоснабдителна инфраструктура со која се опфатени 8 градови. Во моментот проектот е во прва фаза и ова градилиште е финансирано од тој проект. Во оваа фаза и со 2 милиони евра се финансира одржливо водоснабдување, а верувам дека општина Битола ќе се јави и за втората фаза бидејќи сите работи навремено се реализираат, истакна Екарт.

Градоначалникот Талески посочи дека во градот и населените места се реализраат повеќе инфраструктурни проекти.

– Општина Битола е гарант за кредитот во висина од 2 милиони евра што ЈП „Водовод“ го користи за изградба на водоводниот резервоар. Со изградба на овој објект и инфраструктура ќе се овозможи користење квалитетна вода, но и заштеди на вода. Реализираме повеќе инфраструктурни проекти, изградба на кружен тек во Нова Битола со што фрекфентната улица „Васко Карангелески“ ќе има три кружни текови- проект вреден 25 милиони денари, ставаме нов асфалт на патот во должина од 2 километри меѓу подпелистерските села Трново и Магарево, реконструираме патишта во Кукуречани, Бистрица, Цапари, Кравари и Логоварди и секаде по завршувањето на градежните работи и асфалтирањето вршиме зазеленување на околината, истакна градоначалникот Талески.

Тој најави дека на сите кружни текови во градот ќе бидат инсталирани содржини значајни за културно историското минато на Битола.

Општина Битола во соработка со Фудбалската федерација на Македонија на т.н. ќумурно игралиште почна изградба на фудбалско игралиште со вештачка трева. На барање на младите навивачи и вљубениците на спортот, нагласи Талески, ќе направиме се  за во Битола да се изградиме и стадион.

Би можело да ве интересира

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Маж од Битола ја следел и ја вознемирувал сопругата со која се во бракоразводна постапка

ЦУК: Во близина на Битола се преврте цистерна со плин

Орце Костов

Пијан насилник нападнал полицаец во Битола

Притвор за осомничен кој во повеќе наврати силувал 14-годишна девојка во Битола

Орце Костов

Чистачката во бугарскиот конзулат во Битола интервјуирала кандидати за пасош, одбила многу барања

Орце Костов