ВИДЕО: Талат Џафери призна дека државата е партизирана од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Пратеникот на ДУИ и поранешен министер за одбрана, Талат Џафери, ги потврди обвинувањата и бројните констатации дека институциите на државата се во целост под капата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. На денешната седница во Собрание, Џафери призна дека удел во партизацијата на државниот систем има и ДУИ, партија која ја застапува.

-Не е новина неподеленоста на партијата од државата, од последните парламентарни избори. За жал ние денес сме во оваа состојба затоа што во континуитет од еден во друг состав се проследува недвоеноста на партијата од државата без оглед за кое време говориме, вклучувајќи го тука и субјектот кој јас го застапувам – рече Џафери реплицирајќи и на пратеничката, Солза Грчева.

Репликата беше дадена на Комисијата за надзор над спроведување на посебната истражна мерка прислушување на комуникациите. Грчева инсистираше дека оваа Комисија не може полноправно да одлучува во отуство на опозицијата и со претседавачот Павле Саздов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

-Како ќе се контролираат државните институции кога немаме опозицијата? Како власт преку ваква Комисија има намера да го прави тоа? Во оваа Комисија треба да имаме мнозинство од опозицијата, но тоа го немаме. Како надзор ќе врши власт врз институциите кои ги окупирала, како што укажа извештајот на Прибе. Во извештајот се вели дека нема одвојување на партијата од државата – рече пратеничката повикувајќи се на експертскиот извештај за состојбите во Македонија изработен по барање на Европската комисија.

И покрај апелите на Грчева дека собраниската Комисија не може да носи одлуки и заклучоци без присуство на опозицијата, која треба да биде претставена со мнозинство членови, Џафери рече дека Комисијата може да почне формално со работа, која ќе продолжи суштински по враќањето на опозицијата во Парламентот.

– Се согласувам дека опозицијата треба да биде присутна, но за сега ниту јас ниту вие не можеме да ја донесеме – рече тој.

Од пет члена, колку што брои оваа Комисија, на денешната седница присуствуваа тројца од три различни политички страни, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и Грчева како независна пратеничка.

М.В.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски