Талат Џафери со запалка во Собранието

Од:

Талат Џафери, координаторот на ДУИ, во Комисијата за труд и социјална политика седеше со запалка пред него. Не објасни дали е тоа одговор на претходната закана на Зијадин Села дека треба да се запали Законодавниот дом.

Денеска не беше изгласан и вториот од 15-те илјади амандмани. Ова беше амандман на НДП со слична содржина како оној на ДУИ, Законот за бранители да биде закон за сите учесници во конфликтот во 2001 година.

Македонската страна бара само решавање на  проблемите на своите, укажа  Изет Зекири .

„Законот се однесува на сите припадници на безбедносните сили“, одговори Веле Георгиевски, во име на предлагачите.

Ново вжештување на атмосферата може да донесе најавата за групирање на амандманите, со што би се скратило времето, неопходно да се разгледаат амандманите распослани на тони хартија.

 

 

Би можело да ве интересира

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби