Тајниот живот на ТодорОФ

Од:

Неа Флогита не ти бега Никола. Не се секирај, пак ке одиш да се одмориш од напорната работа што ја работеше цела година и што направи толку многу тајни достигнувања во областа на здравството и градби со врвен квалитет кои беа колосални капацитети со сите модерни нишани внатре и со едуциран кадар кој е за секој поздрав. Па да, оставаш зад себе кадар кој е за поздрав и кој слепо ги извршува вашите наредби.

На пример види кој резил се случува кога ќе пратиш толку писмени кадри да опструираат нешто, дури и налогот што си го пишале е заведен за транспорт без пациент, а што транспортиравте? Ја транспортираа твојта срамота твојот долен и подмолен начин на исправање грешките пред вашите послушници иако сте наведнати сите како ноеви со главите забиени во песокта, колку сте јаки, а всушност сте дното.
Кај народот кој е на улица и протестира веќе нема никаква верба во вашите проѕирни лаги, па затоа бидејќи службата ни ја деградиравте и направивте и на оние кои спасуваат животи народот веќе да не им се верува. Е, па Тодороф, направи тајна вечера и објасни како управниците твои ем се управници ем специјализанти, исконсултирај го законот дали е тоа возможно можеби ќе ти тргне во правото бидејќи во медицината се виде дека си катаклизма, објасни им како се што ги тераш да прават дали е законско ?

Народот живее со 40 денари ден, а ДРПМНЕ купува хациенди и вили покрај море или пак ќе демантирате дека не е точно? Направете список на колку ваши нови регрути ги имате тајно поставено директори по здравствени домови и болници, а се нестручни и имаат дури и свои приватни ординации, народот се ќе дознае за краток период Тодороф, после пак ли ќе излегуваш на говорница и ќе маваш со раката по микрофоните или нешто друго да не замислуваш да правиш? Знаеш дека се заколнала Земјата на Рајот сите тајни да се дознаат. Е, па да ти кажам дека веќе папката расте, информации стигаат од цела држава од сите здравствени институции и од целиот персонал секако не баш од оној твојот умниот ти таен кадар , туку од оној чесниот. Видовме твоите умни помошници што се до сега направија и како те претставија. Да знаеш ако не те информирале возилата за итна помош ти се без редовни сервиси и веќе застануваат, па докторите, сестрите и шоферите се и персонал за буткање.

Велиш дека имаш отворено нови пункотови, а всушност и да отвориш на пример и во Глумово немаш екипи а и за несреќа ниту исправни возила. Дали твоите тајни послушници те информираат или и тие те лажат, бидејќи сте навикнати да лажете и да ве лажат. Твојот лидер ве мафтосува веќе деценија и нешто. Ама тој ви е менталниот склоп и е колективна ОВСКА свест .Со тајкуните на власта и со нивните болници да не склучи тајни договори? Па заради тоа ги остави скапани ѕидовите по сите хируршки и нехируршки болници и здравствени домови да се распаѓаат за да одливот на парите оди кај нив или и тоа е тајна?

Роденденот го прославивте со аплаузи без престан како што и ви е напишано на ливчињата и по протокол, а и мислам дека знаеш и ти како ги нарачувате вашите рекламни експозеа, прво шефот ви ваш насушен, па безгласната буква премиерот, па ти после како ударна игла, само каде удираш не знам?
Народот најискрено се надева дека ова ви беше последен роденден , последен роденден на кој беа собрани сите неписмени бивши лепачи на плакати, сите благо ретардирани, а сега раководители, криминалци во скапи одела, убијци и сите ваши полтрони. Пак ќе повторам, амнестијата се укина, нема за никој да има ама и амнезија не постои кај овој напатен народ. Се надевам тортата си ја изеде, колкава ли беше не знам ама вие знаете тајна е и сега ајде слободно на одмор и онака си штетен кога си во државава, твојот живот и онака е таен бидејќи впрочем и нема со што да ти го пофалиме еве ти погоре материјал па потсработи го ама те молам пак тајно.

Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска