Тачи: Изборите во недела се историски

Од:

Демократската партија на Албанците вечерва одржа митинг на градскиот плоштад во Тетово. Претседателот на ДПА и носител на листата за пратеници во шестата изборна единица Мендух Тачи им се заблагодари на тетовци за масовното присуство на нивниот митинг и покрај студентото време.

– Изборите во недела се историски, а ние заедно ќе победиме за да покажеме дека сме заедно со цивилизираните нации во Европа и светот. Тие што ги донесоа Албанците до оваа состојба во Македонија да бидат без леб конечно во недела ќе им дојде крајот на нивното зло. Ве уверувам дека ниту за милиметар нема да отстапиме од програмата и платформата на ДПА. Доколку победиме и јас станам заменик премиер ветувам дека Тетово ќе добие 300 милиони евра за да се смени сегашната состојба и наместо најзагаден град во Европа до 2020 година ќе направиме Тетово да стане европска метропола, рече Тачи.

Овие избори, како што додаде, не се само борба на претседатели на партии и носители на листи, туку и на другите кандидати за пратеници.

На прустните на градскиот плоштад во Тетово им се обратија и носителите на листите за пратеници од ДПА во другите изборни единици, Идриз Орана од единицата, Орхан Ибраими од двојката, Сами Рушиди од тројката и Адријан Узаини во петката, кандидатите за пратеници во шестиот изборен регион Рушит Веапи, Имер Алиу, Мерале Ферати, шефот на централниот изборен штаб на ДПА Азем Садику, партискиот потпретседател Бардиљ Даути, како и гостите Шптим Селмани од партијата на Рамуш Харадинај, Алијанса за иднина на Косово и Хенри Џонс од Републиканскаат партија во САД

Би можело да ве интересира

Мендух Тачи и Аријанит Хоџа се приклучија на Европскиот фронт на Ахмети, се чека крилото на Села

Орце Костов

Тачи пред лидерска: Време е да се разговара јавно за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата држава

Кристијан Ландов

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за власт и пари коалицира со Тачи и Бошкоски кои се на црната листа на САД

Тачи: ДПА останува дел од владејачката коалиција

А1он

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски