Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи изјави дека зад денешната одлука на Уставниот суд „стои договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“.
– Да не бидеме преголеми оптимисти. Зад оваа одлука на уставните судии стои договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Целта им е да се врати старото владеење на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тоа нема логика, изјави Тачи, одговарајќи на новинарски прашања по средбата со заменик помошникот државен секретар за Европа и Азија во Стејт департментот Хојт Брајан Ји, кој престојува во посета на Македонија.
Тачи оцени дека одлуката за враќање во функција на Собранието требало да биде резултат на договор на четирите политички партии, потписнички на договорот од Пржино.
Лидерот на СДСМ смета дека треба итно да започнат преговорите и четирите политички партии да донесат заеднички одлуки.