Тачи: Во 2015 ДПА ќе биде најголемата партија на Албанците

Од:

Претседателот на ДПА Мендух Тачи следната 2015 годинаочекува дека партијата ќе зајакне и оти ќе биде главната и најголемата партија на Албанците во Македонија.

– Ги уверувам луѓето дека ќе знам да ја раководам партијата кон целите на Албанците во Македонија, вели Тачи.

На прашањето дали го дели мислењето на лидерот на ДУИ Али Ахмети дека трета политичка партија на Албанците во Македонија ќе биде штетна поради разводнување на гласачкото тело, лидерот на ДПА рече дека тој и првиот човек на ДУИ за многу работи имаат различно мислење

За следната 2015 година смета дека ќе биде полоша од оваа и оти мала надеж гледа во меѓународната заедница.

Посочи на Албанија и оти меѓународната заедница сакала и успеала да ја реши политичката криза и опозицијата да се врати во Парламентот. За Македонија, Тачи не забележува ниту еден сигнал од меѓународната заедница дека сака нешто да промени.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он