Тачи со писмо до Самарас: Грција има непријателски однос кон Албанците

Од:

Претседателот на Демократска партија на Албанците Мендух Тачи, откако беше спречен да влезе во соседна Грција, му пиша отворено писмо на премиерот Андонис Самарас во кое го искажува својот став дека грчката владата има непријателски однос кон Албанците.

Денеска Тачи јавно го објавува својот став, откако на грчко – турската граница се случил инцидент и на лидерот на ДПА му било оневозможено на влезе во Грција. Граничарите му го забраниле влезот со образложение дека неговиот возач не располагал со интернационала возачка дозвола.

– Господине Премиере, имајќи во предвид дека вашата Влада прогласува личности “нон грата” новинари на еден силен албански медиум, не им дозволува на Чамите да ги посетат нивните огништа кој што денес се наоѓаат во рамките на вашата земја и многу други провокации кон Албанците, мојот случај не е “изолиран и случаен”, туку едноставно го илустрира непријателскиот однос на вашата влада кон Албанците, му пишува Тачи на грчкиот премиер.

Тачи во своето писмо додава и дека несомнено односот на грчката влада, е во спротивност со основните принципи на човечноста и демократијата.

– Додека ние како народ чекориме кон големото европско семејство, култивирајќи ги нејзините позитивни вредности, вашата Влада и вашиот народ за жал чекорат во спротивна насока, претворајќи се во еден лош пример, не само од економски туку и од цивилизациски и демократски аскпект, порачува Тачи.

Лидерот на ДПА, на крајот од писмото додава дека Грција продолжува да биде држава која негува непријателство не само кон неговиот народ, туку и кон другите народи во регионот.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он