Тачи се сретна со италијанскиот амбасадор Белели

Од:

Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска во седиштето на партијата се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија Ернесто Белели.

Како што информираат од ДПА, на состанокот биле разменети мислења за актуелната политичка ситуација во земјата, за инцидентот во Собранието, меѓуетничките односи и интеграцијата во НАТО и во ЕУ.

За односите и меѓуетничките тензии, Тачи истакнал дека политиката на ДПА претставува превенција, а во таа насока е и новата платформа на партијата.

Тачи посочил дека Албанците од Македонија никогаш нема да се откажат од патот кон интеграција во Европската унија и НАТО, и во таа насока, ДПА ќе продолжи да комуницира со сите релевантни чинители во земјата и во странство.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он