Тачи се сретна со американскиот амбасадор Бејли

Од:

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи денеска со американскиот амбасадор Џес Бејли разговараше за политичката ситуација, за интегративните процеси, за меѓуетничките односи и размениле мислења за изнаоѓање на излез од кризата.

Како што соопшти ДПА, претседателот Тачи оцени дека со актуелната ситуација и со блокирањето на процесот на интеграција состојбата во Македонија станува се потешка и затоа сите треба да бидеме многу одговорни.

Претседателот Тачи го информирал амбасадорот дека лидерите на ДПА биле следени и прислушувани од 1993 година, и оти ниту еден поединец за овие случаи не излегол пред лицето на правдата. Според него, собраниска истражна комисија со целосен меѓународен мониторинг, каде што ќе се вклучат сите вакви случаи од 1993 година, најверојатно би била единствената надеж дека вакви случаи нема да се повторат никогаш во иднина.

Пред амабасадорот Бејли, тој ја истакна важноста на интеграција на Македонија во НАТО и во Европската унија, што подразбира и побрзо изнаоѓање на решение за спорот за името со Грција, бидејќи интеграцијата во евро-атлантските структури ќе обезбеди стабилност и економски развој на земјата и регионот.

Соговорниците, како што се наведува во соопштението, се согласиле дека единствен начин за излез од политичката и институционална криза е враќање на суштински дијалог меѓу главните политички сили во земјата.

Тачи исто така посочил дека ДПА, со својата одговорна политика ќе продолжи да придонесува и да биде дел од демократскиот процес и евро-атлантската интеграција на земјата.

Би можело да ве интересира

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

Бектеши: Албанската опозиција не ја прифати средбата, нивната цел е да блокираат

Ана Ололовска

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он