Тачи: Предвремени парламентарни избори ќе има во јуни

Од:

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи најави дека предвремени парламентарни избори во Македонија сепак ќе се има и тоа во јуни или јули оваа година. Тој на жителите на селото Лабништа каде живее големо гласачко тело кое речиси на секој парламентарни или локални избори е одлучувачко за победа најави дека ДПА ќе ги победи оние кои како што рече се сложија со Mакедонците.

 Ние Aлбанците демек живееме во иста куќа со Mакедонците, но ни нудат во подрум да живееме.Тоа никогаш нема да се прифати рече Тачи.

-Не ги слушајте што од ДУИ ви велат, дека нема ништо од политика и дека од такво нешто нема аир. Тоа е огромна грешка. Народ што нема јака политика, што нема јака опозиција се разнебитува за неколку децении. Оваа наша битка е ние да ги убедиме со сите средства кои ги имаме на располагање дека треба да живееме исто како нив. Ве убедувам дека во јуни или јули ќе има предвремени парламентарни избори. Оваа битка треба да ги врати нашите пари. Тие земаат од нашите џебови 1,5 милијарда евра, а ни враќаат само 20 милиони евра. Со тие 20 милиони евра ние ќе се испотепаме каде да ги инвестираме. Во Тетово, Лабуништа, Велешта или Радолишта? Ова е многу погрешна политика и затоа сите заедно мораме да се здружиме, бидејки оној кој бега од оваа битка не е интелектуалец туку е плашливец, рече Тачи.

Тачи рече дека како претседател на единствената албанска партија во Македонија бил  сериозно заинтересиран за секој Aлбанец во Македонија.

Свесен сум, искусен сум но и способен дека нашето Кале што треба да го градиме не се гради со 3-4 големо камења со Тетово, Гостивар и Скопје, туку со 900.000. мали каменчиња. Тие се сите Албанци кои треба да се вклучат во оваа политичка битка, и јас ве убедувам дека можеби време ќе помине но нема да се спасат од оваа наша заедничка победа. Затоа ние треба да ги убедиме сите и да влеземе во оваа битка. Денес сум овде да ги убедиме сите кои зборуваат зад мојот грб, дека има што да видат. Јас како претседател на единствената албанска партија сум мртво и сериозно заинтересиран за секој Албанец било од Тетово, Лабуништа, Прилеп или Велес.“ рече Тачи.

За носител на листата на ДПА во Струга за престојните локални избори е Абдула Ќазимоски од Лабуништа, актуелен советник во струшкиот совет но од редовите на поранешната партија на Имер Селмани.

Не ветуваме што ќе направиме, но ви тврдам дека ако овие криминали што ги прават ги замолчиме ќе бидеме поуспешни. Не смее да мрдне ниту Зијадин Села кој ќе биде иден градоначалник. Она што ќе ви го вети не смее да измрда од тоа. Велат дека политиката е неубава. Точно е дека е неубава затоа што неубави политичари не водат“ рече Ќазимоски.

Неофицијално Ќазимоски на Тачи само за Лабуништа му ветил 800 гласа за престојните локални избори.

 

Мики Трајковски

 

 

Би можело да ве интересира

Мендух Тачи и Аријанит Хоџа се приклучија на Европскиот фронт на Ахмети, се чека крилото на Села

Орце Костов

Тачи пред лидерска: Време е да се разговара јавно за идентитетот на Албанците да станат дел од правните норми на нашата држава

Кристијан Ландов

ДПА избра ново претседателство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за власт и пари коалицира со Тачи и Бошкоски кои се на црната листа на САД

Тачи: ДПА останува дел од владејачката коалиција

А1он

Синот на Мендух Тачи стана доктор на политички науки

Жарко Настоски