Тачи-Палмер: Целосна поддршка од САД за Преспанскиот договор и агендата на земјата

Од:

Претседателот на Демократската Партија на Албанците, Мендух Тачи, денеска во Скопје во резиденцијата на амбасадорот Бејли се сретна со заменик-помошникот државен секретар, Метју Палмер.

На средбата се разговараше за актуелната политичка ситуација, за имплементацијата на Преспанскиот договор, како и за реформскиот процес.

Претседателот Тачи на средбата истакна дека ДПА ќе продолжи таксативно да ги поддржува уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор, како и процесот на реформи за целосна интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.

На состанокот Палмер ја потврди целосната поддршка од САД за Преспанскиот договор и за агендата што ја води земјата до членството во НАТО и во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Тачи од Тетово: Дводомен парламент за да не биде ускратено ниту едно право на Албанците

А1он

Мендух Тачи: Македонците ќе бидат обврзани да прифатат дводомен парламент и не правам договор со ДУИ

А1он

Мендух Тачи: Казина и игри на среќа како што има во Германија, Швајцарија оддалечени од населбите

Ана Ололовска

Тачи: Борба против коронавирусот, не со зборови туку во стотици милиони евра

Ана Ололовска

Тачи: Опцијата на нашата партија ќе победи на изборите

Ана Ололовска

Тачи: ДПА ќе применува консензуална демократија

Ана Ололовска