ДПА ќе биде дел од новата влада. За ДУИ во новата влада ќе нема место, вели лидерот на партијата, Мендух Тачи.
Јас ги прашувам, во која партија ќе влезеш ти Али? Нема влада за тебе. Тој господинот, твој и шеф на твојата група, Груевски, откако ве направи „партал“, ви рече, како што рече Беким, „сликајте се“ нема влада за вас.
Јас имам обврска да му речам нему и на Македонците дека државните пари не треба да одат само во цркви и крстови, туку треба да дојдат и во џамии, медреси и во нашата култура. Ние не сме биолошки битија. Не сме дрва за да живееме од вода. Ние имаме душа. Нашата душа ја исполнуваат верата, Господ и идеалот на нацијата – рече Тачи.