Тачи и Мијалков на 24 април седнуваат на обвинителна клупа за „Титаник 2“

Од:

На 24 април почнува судењето за Мендух Тачи, Сашо Мијалков, и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски во предметот на специјалното јавно обвинителство „Титаник 2“.

Судиите од управниот суд, Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзула, куртулија од кривична одговорност, иако по барање на судијката Верка Петковска, Судскиот совет им го симна имунитетот. Апелациониот суд ја одби жалбата на СЈО за обвинението со кое тие беа опфатени. Предметот ќе го суди судијата Огнен Ставрев, кој ги суди случаите „ТНТ“ и „Монструм“.

Сите обвинети во „Титаник 2“, освен Сашо Мијалков, кривично ќе одговараат за злоупотреба на службената положба и овластување, а ексдиректорот на УБК, ќе одговара за кривичното дело „примање награда за протизаконито влијание“. Ова е четврто обвинение за Мијалков по „Трезор“, „Таргет-Тврдина“ и „Тортура“.

Од објавените бомби, може да се слушне како Сашо Мијалков и Мендух Тачи се договараат за гласање за поднесените приговори до Државната изборна комисија. Апелациониот суд прифати две бомби да бидат дел од доказите во овој предмет.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски

Небиу: Вработените се мета на вознемирување и заплашување, поради обидите да го продадат конфискуваниот имот на Мијалков